Премиерот Христијан Мицкоски синоќа во Виена остварил средба со нашите сограѓани од македонската дијаспора, со кои, како што објави, разговарале отворено за предизвиците, но и за можностите што ги имаме како држава.

Мицкоски, како што објави на својот Фејсбук профил, на средбите повикал „да размислат за враќање, за инвестирање и за активно вклучување во развојот на државата“, посочувајќи дека „како Влада, работиме посветено да создадеме стабилна и предвидлива бизнис-клима, која ќе ги охрабри таквите чекори“.

Посебно ја истакнав важноста од продолжување и продлабочување на пријателските односи со Австрија. Блискоста меѓу нашите земји е јасна, а таа треба да ја претвориме во уште поголема економска соработка и нови инвестиции. објави Мицкоски.

 

Слични новости

ВМРО ДПМНЕ го обвини Заев дека го брани нарко картелот во Македонија

Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во неделата рано изутрина. Нервозната реакција е јасен знак дека Заев се чувствува директно погоден и разоткриен, откако вистината почна да излегува на виделина