Нашата стратешка цел како држава да бидеме дел од европското семејство, нешто што го заслуживме многу одамна, била, е и ќе остане наша стратешка цел, но исто така мораме да потенцираме дека тоа што македонските граѓани го дадоа за реализирање на оваа стратешка цел, која за жал не е поместена од состојбата која беше пред 20 години, е навистина бесценета, односно цената е толку голема, што не може да се утврди, бидејќи пред се зборуваме за процесот на билатерализација на преговори, а не за европеизација на преговорите, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од Будимпешта на заедничката прес-конференција со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

 Мицкоски изрази надеж дека овој процес конечно ќе биде откочен за земјава, со голема поддршка од Унгарија.

„Се надевам дека конечно овој процес и за нас ќе биде откочен со голема поддршка од наша пријателска Унгарија и ние како држава ќе почнеме да преговараме и убеден сум дека ако имаме можност во многу скоро да ги почнеме преговорите врз основа на вистинските Копехагенски критериуми и ќе ги завршиме и ќе бидеме дел од Европа“, истакна премиерот.

Потсети дека денеска во Будимпешта се одржа и втората меѓувладина седница, по таа во Охрид во септември минатата година и истакна дека и присутните министри на билатерално ниво со нивните колеги договарале продлабочување на соработката, при што ги посочи министрите за внатрешни работи и за одбрана кои разговарале за идна можна воена соработка во сферата на воената индустрија и вмрежување и настап на трети пазари.

Нагласи дека отсекогаш сме ја имале поддршката од унгарската Влада, а сега таа има и финансиска димензија, преку унгарскиот кредит, средства кои, како што рече, се користат за изградба на патишта, булевари, училишта, градинки. На меѓувладината седница, меѓудругото, станало збор и са продлабочување на соработка во делот на инфраструктурата.

Му се заблагодари на Орбан за досегашната поддршка.

„Тој покажа и докажа многу пати во минатото дека е човек со интегритет, дека неговиот збор планини тежи, за што ја има мојата неизмерна почит како човек и кој со своето однесувањее знае да инспирира“, рече Мицкоски и му честита на неговите резултати на полето на економијата, инвестициите и во делот на капиталните инвестиции во Унгарија.

Мицкоски нагласи дека Орбан ја водел Унгарија низ трубулентни процеси, секогаш грижејќи се за заштита на националните и државните интереси. –Само ќе потсетам уште еднаш на неговиот громогласен став за заштита на европските граници од нелегалните мигранти, нешто за што заедно соработувавме, рече тој.

Напомена дека заедно ќе поттикнат Европа да заземе поинтензивна улога во процес на постигнување траен и одржлив мир во Украина преку партнерство и сојузништво со САД, нешто што е и во полза на украинските пријатели, но и на самата Европа.

Мицкоски додаде дека се фокусирани на нивната обврска да го подобрат животот на граѓаните и ги спомена денеска објавените податоци за растот на БДП за четвртиот квартал, кој изнесува 3,2 отсто, што споредено со три отсто од претходниот квартал, како што рече, прави годишниот раст на БДП да биде 2,8 проценти.

„Тоа е дополнителна инспирација заедно со нашите братски пријатели, народи, да работиме заедно на полето на економијата, да работиме заедно во насока на подобрување на животот на нашите граѓани“, рече тој, додавајќи дека нивната цел е јасна – силна, стабилна и просперитетна Македонија во ЕУ.

globe

Слични новости

Ниту еден чекор на Владата нема да биде во насока да се влоши состојбата во медиумскиот сектор  

Ниту еден чекор на Владата нема да биде во насока да се влоши состојбата во медиумскиот сектор  

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, учествуваше во вчерашната дебата на емисијата „360 степени“ на МРТ1, каде што главна тема беа Нацрт-измените на Законот за медиуми. Тој потсети дека нацртот бил објавен на системот ЕНЕР, дека имало различни коментари и дека актуелната верзија е некаква средна вредност што произлегла од нив.

Претреси на повеќе локации низ државата поради сомнителни набавки на нафтени деривати

Претреси на повеќе локации низ државата поради сомнителни набавки на нафтени деривати

На локации во Скопје и низ државата во тек е акција на Одделот за субивање на организиран криминал и корупција во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

Собранието ја изгласа предлог-одлуката за објавување јавен конкурс за именување на членови на Програмскиот совет на МРТ

Собранието ја изгласа предлог-одлуката за објавување јавен конкурс за именување на членови на Програмскиот совет на МРТ

Собранието денеска во рамки на 38. седница ја изгласа предлог одлуката за објавување на јавен конкурс за именување на членови на Програмскиот Совет на Македонската радио телевизија, како и таа за именување на член на Државната комисија за одлучување во управна постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен