Ставот на Владата е писмениот дел во правосудниот испит да се полага на јазик на кој што е формирано образованието, додека устниот дел каде што се симулираат граѓански и кривичен спор да биде на македонски јазик, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски откако на вчерaшната прва средба со студенти Албанци и министерот за правда не се постигна договор за правосудниот испит.
Студентите Алабнци кои беа на средбата инсистираат целиот испит да се полага на албански јазик и најавија нови протести доколку ова нивно барање не се прифати.
Премиерот денеска нагласи дека никој не го спори правото високото образование да се заврши на мајчин јазик и додаде дека на правните факултети, студиите можат да се завршат на три јазици различни од македонскиот јазик. Но кога се зборува за правосуниот систем има принцип на „франка линва“.
Слични новости
Пожарот кај Рамни Габер се уште не е изгаснат
Противпожарните екипи на Град Скопје и во текот на ноќта остаа да ја следат состојбата во селото Габер, кое беше зафатено од пожарот што се прошири од село Моране.
Македонија со напредок на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност
Македонија бележи значителен напредок на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност, искачувајќи се за 29 позиции и достигнувајќи го 30. место меѓу 155 рангирани држави и територии.