Ставот на Владата е писмениот дел во правосудниот испит да се полага на јазик на кој што е формирано образованието, додека устниот дел каде што се симулираат граѓански и кривичен спор да биде на македонски јазик, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски откако на вчерaшната прва средба со студенти Албанци и министерот за правда не се постигна договор за правосудниот испит.

Студентите Алабнци кои беа на средбата инсистираат целиот испит да се полага на албански јазик и најавија нови протести доколку ова нивно барање не се прифати.

 

Премиерот денеска нагласи дека никој не го спори правото високото образование да се заврши на мајчин јазик и додаде дека на правните факултети, студиите  можат да се завршат на три јазици различни од македонскиот јазик. Но кога се зборува за правосуниот систем има принцип на „франка линва“.

 

Слични новости

Кривична пријава против Јани Макрадули-како генерален директор на „Пошти“

Кривична пријава против Јани Макрадули-како генерален директор на „Пошти“

Според пријавата, во периодот од 2021 до 2022 година тој не постапил по одлуки на Управниот одбор за исплата на обврски кон два правни субјекта во вкупен износ од 19,3 милиони денари, иако му била доставена потребната документација.

МВР и натаму не соопштува детали од истрагата за бегството на Ива Михаилова

МВР и натаму не соопштува детали од истрагата за бегството на Ива Михаилова

„Овој упад кој што е направен и буквално е киднапирано лице коешто сега е бегалец од правдата, нема вака да заврши“ порача премиерот Мицкоски и додаде дека не смее да бидеме жртва на емотивни реакции.