Премиерот Христијан Мицкоски очекува да бидат изгласани интерпелациите за петтемина членови на Судскиот совет во Собранието, најверојатно на седница во вторник, 11 март, кои ги поднесе владејачкото мнозинство со потписи од 67 пратеници.
Прашан за очекувањата од исходот на седницата на која ќе се расправа за отповикување од членовите во Судскиот совет избрани од Собранието – Весна Дамева, Тања Чачарова-Илиевска, Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа и Селим Адеми, Мицкоски одговори: „Зар треба коментар на тоа што треба да правиме – се знае“.

„Тие тотално го изгубија кредибилитетот пред граѓаните и треба да биде изгласана таа интерпелација и на нивно место да дојдат луѓе кои ќе бидат вистински заштитници на правдата. Бидејќи излегува дека поединци судии и обвинители се последниот штит на поранешната владина коалиција СДСМ и ДУИ – изјави премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по работната посета на скопско Марино.
На прашање дали Владата го пратила предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски до Основното јавно обвинителство, премиерот одговори дека писмото за смена на државниот јавен обвинител е пратено и смета дека „треба да е веќе пристигнато“.
Слични новости
Владата ги донесе измените и дополнувањата на Законот за медиуми
Владата на денешната 57-ма седница го донесе предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми
Собранието изгласа недоверба на членовите на Судски совет Црвенковска и Адеми
Собранието попладнево во рамки на 40. седница изгласа недоверба на членовите на Судскиот совет Павлина Црвенковска и Селим Адеми, а претходно и на Весна Дамева.
Изгласана интерпелацијата за Весна Дамева
Со 77 гласа Собранието во вторникот изгласа недоверба на Весна Дамева, член на Судски Совет. Според заклучокот, Дамева имала значителен придонес во загрозување на независноста, професионалноста и угледот на судството и судиите и придонела за падот на довербта на граѓаните кон судствот