Премиерот Христијан Мицкоски очекува во наредниот период да се одржат средби со претставници на бугарската влада. Според него, тоа е нешто што не треба да не изненади, бидејќи, како што вели, нормално е ние да разговараме со соседите, да градиме односи.

„Што се однесува до средби, ние и веќе имавме средби во минатото со највисокото бугарско раководство со тогашниот нивен технички премиер. Очекувам во периодот што следи на различно ниво да има средби со бугарската Влада и тоа не е нешто што треба да не изненади. Нити ние ќе исчезнеме, нити тие ќе исчезнат, ние повторно ќе си бидеме соседи“, изјави Мицкоски во одговор на прашање на МИА, за евентуални средби со новото бугарско раководство, откако во средата министерот за европски прашања Орхан Муртезани од Брисел изјави дека бугарската страна е подготвена за разговори.

Мицкоски истакна дека ние мора да градиме добрососедски односи, но тоа не значи дека се согласуваме на некои теми што не разделуваат.

„Затоа јас сум секогаш поборник да разговараме за теми што не зближуваат. Нашиот став е јасен и тој е непроменет и сигурен сум дека нема да биде променет, бидејќи јас лично мислам, а и претставниците во Владата мислат дека ние како народ како држава направивме премногу изминативе две и пол децении во името на европските интеграции како што никој не направил, и ценам дека конечно после 2 и пол децении или две децении откако сме кандидати дека не треба да имаме повеќе билатерални услови, туку треба да имаме објективни услови во процесот на преговори. И тоа не е нешто кое што е различно од тоа што јас сум го кажувал досега. И тоа ќе го кажам на средбите од Вашингтон, преку Брисел, Лондон, Рим, Париз… затоа што јас верувам во ова, затоа што сме направиле доволно и како што никој друг не направил во името на таа европска иднина, оваа држава направила“, нагласи Мицкоски.

Премиерот повтори дека Македонија направила толку многу отстапки, што заслужила барем да го почне процесот.

„По две децении предизвици, заслуживме барем да го почнеме процесот. Јас никогаш нема да разговарам за процес во кој разговараме само за неговиот почеток, но не и за крај. Кога имам таков соговорник нека повели нека дојде, во спротивно ќе си ги решаваме нашите проблеми и нашите домашни задачи„, рече Мицкоски.

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани вчера во изјава од Брисел рече дека претставникот на Бугарија во Работната група за проширување на ЕУ му пренел дека бугарската страна е подготвена за разговори и упатува позитивни пораки за воспоставување на дијалог.

„Мислам дека се создава добра средина, која што мора да ја искористиме не само да воспоставиме дијалог, кој мора да го има помеѓу соседните земји за да се градат добрососедските односи, туку и простор што ќе нѐ води кон заедничко прифатливо решение, кое конечно ќе не внесе во ЕУ“, истакна во средата Муртезани.

globe

Слични новости

Судењето за убиството на Ѓорчевска и Жежовски продолжува на 17. март

Судењето за убиството на Ѓорчевска и Жежовски продолжува на 17. март

Судењето за убиството на четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска и седумдесетгодишниот велешанец Панче Жежовски продолжува во понеделник откако денеска во Основен кривичен суд Скопје беше сослушан Велибор Манев, еден од обвинетите

Има интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија, вели Рокас, ЕУ лидери ќе го посетат Скопје во следните месеци

Има интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија, вели Рокас, ЕУ лидери ќе го посетат Скопје во следните месеци

Постои интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија, во таа насока лидери на Европската Унија ќе го посетат Скопје во следните месеци, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас, по поставување камен-темелник на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова нога“

Мицкоски не очекува криза, но смета дека заканите од ДУИ ќе продолжат со несмален интензитет

Мицкоски не очекува криза, но смета дека заканите од ДУИ ќе продолжат со несмален интензитет

Премиерот Христијан Мицкоски не очекува политичка криза во пресрет на локалните избори, но очекува, како што изјави денеска, заканите од страна на ДУИ да продолжат со несмален интензитет.