Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија, како и суштински дискусии и конкретни резултати од денешниот Самит на Берлинскиот процес во Црна Гора.
„Денеска очекувам многу силни пораки во однос на интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија. Секако, тука ја вклучувам и мојата земја. Досието на Македонија е многу сложено. Одамна заслуживме да бидеме дел од ЕУ, но, за жал, поради одредени вештачки причини, сè уште не сме во можност да ги започнеме преговорите“ изјави Мицкоски.
Ја пренесувам пораката за силната посветеност на македонската Влада на реформската агенда на ЕУ и на европската интеграција. Практично, такво е и досегашното дејствување на мојата Влада и ќе продолжиме да се движиме по тој пат и во иднина – додаде Мицкоски.
Слични новости
Намален бројот на одобренија за градба
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 995 108 илјади денари, што е за 74.8 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
За прославата за независноста – 5,53 милиони евра чинеле манифестациите од сметката на Државна лотарија и донации од фирми
Владата во април годинава донела одлука да ја задолжи Државната лотарија, нераспределената добивка од 2024 година од 300 милиони денари, да ја намени за спонзорирање на прославата. Владината портпаролка инсистира дека тоа не се буџетски пари, иако Лотарија е во целосна државна сопственост.
МВР: Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шуто Оризари, сите во сопственост на едно лице
Денеска околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето Шуто Оризари опожарени биле над 20 дуќани со текстилна и друга роба сопственост на С.С. кои ги има дадено под закупнина.


