„Никогаш повеќе“ не е само фраза, тоа е залог. Да не дозволиме минатото да се повтори. Нека споменот на жртвите биде вечен, напиша денеска на социјалната мрежа Фејсбук претседателот на Владата Христијан Мицкоски, кој присуствувал на настан во Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

„Над 7,000 македонски Евреи беа депортирани во логорот Треблинка, а нивниот живот, историја и култура беа насилно прекинати. Но, историјата не е само спомен, таа е лекција.

Нашата обврска е да ја зачуваме вистината, да се спротивставиме на заборавот и да градиме општество засновано на толеранција, правда и меѓусебно почитување“, напиша на Фејсбук претседателот на Владата Христијан Мицкоски кој денеска присуствувал на настан во Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

На настанот освен првите луѓе на Меморијалниот центар и припаднции на еврејската заедница во Македонија присуствувале и поранешниот претседател Ѓорге Иванов, Љупчо Димовски вицепремиер и министер за политички систем, пратеничката Рашела Мизрахи и други.

globe

Слични новости

Притвор за Капушевски и уште две лица, а за Јаховски куќен притвор

Притвор за Капушевски и уште две лица, а за Јаховски куќен притвор

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки притвор и мерки за обезбедување присуство против 13 лица, поврзани со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, а кои дел беа спроведени во судот во вторникот попладнето донел решенија