Премиерот Христијан Мицкоски не очекува политичка криза во пресрет на локалните избори, но очекува, како што изјави денеска, заканите од страна на ДУИ да продолжат со несмален интензитет.
Според Мицкоски, на ДУИ и е најмалку дојдено до јазикот или уставните судии, таа, како што рече, е исплашена за својот „криминално стекнат капитал и за основаните сомневања за криминалот што се случувал изминатите години“.

„ Тие не се навикнати да бидат подолго време во опозиција. Кога се малку во опозиција веднаш има одговорност и излегуваат на површина сите активности за кои постои основано сомневање, а кои се поврзани со криминал и криминалци, да ги дознае македонската јавност и затоа се уплашени. Најмалку им е дојдено до јазикот и до уставните судии. Тие се исплашени за својот криминално стекнат капитал и за основаните сомневања за криминалот што се случувал изминатите години, посебно последните две години, бидејќи на оној дивјачки, криминален начин како што го сменија Кривичниот законик, за жал, се амнестираа за криминалот од минатото и за жал, тука ние ништо не можеме. Дури и сега иницијативата што ја покренаа пред Уставниот суд, пред нивните уставни судии што тие ги бираа, дури и под услов Уставниот суд да рече дека ќе падне тој Кривичен законик, тие сепак се амнестирани за криминалите што ги правеа пред четири, пет, шест години, истакна премиерот, одговорајќи на новинарско прашање во врска со најавата на ДУИ за интерпелација на уставните судии“, рече М?ицкоски
Како што оцени Мицкоски, кога се во прашање ДУИ, најмалку се работи за некакви права.
„Најмалку станува збор за какви било права, тие се исплашени за своите хациенди, скапите луксузни возила, трговските центри, дуќаните, за основаното сомневање за криминалот во ФИТР, во Министерството за економија,…“, рече претседателот на Владата, кој денеска беше на поставувањето камен – темелник на македонско – грчкиот граничен премин „Маркова Нога“.
Слични новости
Судењето за убиството на Ѓорчевска и Жежовски продолжува на 17. март
Судењето за убиството на четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска и седумдесетгодишниот велешанец Панче Жежовски продолжува во понеделник откако денеска во Основен кривичен суд Скопје беше сослушан Велибор Манев, еден од обвинетите
Има интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија, вели Рокас, ЕУ лидери ќе го посетат Скопје во следните месеци
Постои интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија, во таа насока лидери на Европската Унија ќе го посетат Скопје во следните месеци, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас, по поставување камен-темелник на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова нога“
Мисајлоски: Буџетот за одбраната е два отсто и ќе се зголемува со растот на економијата
Сегашното издвојување од Буџетот за одбраната е над два проценти и тој процент ќе се зголемува со растот на економијата, но засега и наеднша е тешко остварливо да се постигнат пет проценти, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски