Не би шпекулирал дали поранешниот вицепремиер Артан Груби е во Албанија или во Косово, но факт е дека не бил чист како солза. Ако бил чист како солза, немало да има потреба да биде бегалец од правдата, туку ќе дојде тука и ќе ја брани својата невиност, порача премиерот Христијан Мицкоски.
Тој денеска за време на неговата посета во Гевгелија, одговорајќи на новинарско прашање, посочи оти смета дека пораките кои ги испраќаат СДСМ и ДУИ не се пораки во насока на одлучна борба против криминалот и корупцијата.
Мицкоски потенцира дека коалицијата СДСМ и ДУИ беше заштитник не само на политичките криминалци, туку и на вистинските криминалци.
„Пораките кои што ги испраќаат во јавноста во врска со бегството на Груби, не се пораки во насока на одлучна борба против криминалот и корупцијата. Ние за ова алармиравме многу пати во минатото. Оваа коалиција која што функционираше беше навистина голем заштитник, не само на политичките криминалци, туку и на вистинските криминалци“, рече Мицкоски.
Пподвлече дека МВР, Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје работат во насока на разбивање на една криминална група на подрачјето на градот Скопје, којашто години наназад беше недопирлива за овие институции.
„Сведоци сме на една робусна акција на МВР, на Бирото за јавна безбедност и на СВР Скопје, во насока на разбивање на една криминална група на подрачјето на градот, која што години наназад беше недопирлива за овие институции. Но, она кое што го направија овие институции претставува исклучително значајно, затоа што само пред два дена се најдени околу 200 грама експлозив кои се доволни да кренат во воздух која било поголема зграда на Влада, на Парламент“, рече Мицкоски.
Најави дека ќе продолжат во битката против сузбивање на криминалните структури, но и на повикување на одговорност на политичките криминалци.
„Со оваа влада граѓаните можат да бидат безбедни. Продолжуваме во нашата одлучна битка против сузбивање на ваков тип на криминални структури, но и на повикување на одговорност на политички криминалци кои што во изминатите седум години ја пустошеа Македонија. Повикувам граѓаните да бидат, мирни, спокојни и да знаат дека оваа Влада буквално води сметка за се она кое што треба да ја гарантира нивната безбедност“, рече Мицкоски.
Слични новости
Трипуновски потпиша договор со Факултетот за ветеринарна медицина за користење на финансиска поддршка од околу 13.500.000 денари
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со деканот на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, проф. д-р Деан Јанкулоски потпиша Договор за користење на финансиска поддршка за инвестиции за подобрување на генетскиот потенцијал на млечни крави во земјава преку употреба на сексирано семе и ембрио-трансферот во износ од 13.500.000 денари .
На Попова Шапка најстудено и со најмногу снег, најтопло во Гевгелија
Најстудено утрово е на Попова Шапка -7 степени, каде има и најголема снежна покривка од 32 сантиметри, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Скопјани повторно добија вода, дефектот е саниран
Скопјани добија вода. Дефектот е саниран, замената на 5те затворачи завршена. По само неколку часа без вода, проблемот е решен, дури и побрзо од она што се планираше. Екипите на Водовод од утринава беа на терен, каде што беа ангажирани 160 лица и уште 150 административна поддршка.