Премиерот Христијан Мицкоски изјави во петокот дека нема проблем да се сретне и да разговара со новиот бугарски премиер Росен Жељазков, со цел, како што рече, да се најде начин да се одблокира процесот.

„Апсолутно би преземал чекори, апсолутно би сакал да се сретнам, да разговарам, да аргументирам, тој е новоизбран претседател на влада, колега на соседна земја. Немам проблем да разговарам, каде било, кога било, и колку што е тоа потребно на начин, за да најдеме начин за да го одблокираме процесот со кој повеќе од две децении сме блокирани“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по увидот на реконструкцијата на патот Катланово – Градманци.

Мицкоски посочи дека со билатерални прашања не може да се бранат европски вредности.

„Нашите ставови и позиции ги знаете, тие се непроменети, да видиме дали можеме да имаме заеднички јазик, да видиме дали можеме заедно со нашите стратешки партнери, и од ЕУ и од САД да седнеме сите заедно да видиме да го забрзаме овој процес затоа што со билатерални прашања не можеме да браниме европски вредности“, рече Мицкоски.

Повтори дека тоа што оваа влада го прави е практично одбрана на европските вредности, додавајќи дека „ние ги браниме европските вредности наспроти оние кои ги злоупотребуваат своите позиции во рамките на ЕУ“.

Во однос на обвинувањата на Грција за иредентизам по неговата изјава дека македонското прашање не е затворено, Мицкоски рече дека македонското прашање нема никогаш да биде затворено, се додека главните и стратешки цели не се реализираат, а тоа е земјава да стане полноправна членка на ЕУ.

„Не знам каде се препознале, дали можеби имаат грижа на совест, јас нема да навлегувам во таква дебата. Македонското прашање нема никогаш да биде затворено се додека главните и стратешки цели не се реализираат, а тоа е прво полноправна членка на ЕУ, второ вие знаете дека Судот за човекови права во Стразбур има донесено плејада пресуди што се однесуваат на човековите права на македонската заедница кај нашиот источен сосед кои не се почитуваат. Зборуваме за 21 век, зборуваме за земја-членка на ЕУ која не ги почитува човековите права на македонската заедница. И тоа е нешто што претставува сериозен проблем. Во 21 век сѐ уште е предизвикан македонскиот идентитет и би било неодговорно, несериозно, издајнички од мене ако јас раскажувам дека македонското рпашање е затворено. Не е затворено и ќе се борам за македонското прашање се додека ја вршам оваа улога којашто ја вршам а тоа е претседател на македонската влада бидејќи граѓаните тоа го очекуваат“, нагласи Мицкоски.

globe

Слични новости

Приведен поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчески

Приведен поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчески

Поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Пеце Мирчески вечерва е приведен во полициската станица Кисела Вода откако денеска Финансиската полиција му отвори истрага за сторени кривични дела примање поткуп, фалсификување службена исправа, проневера во службата и несовесно работење во службата извршени за време додека бил директор

Муртезани – Кос: Подготвеност за продолжување на конструктивниот дијалог и ангажман со сите партнери за осигурување на успешен пат кон членството во ЕУ

Муртезани – Кос: Подготвеност за продолжување на конструктивниот дијалог и ангажман со сите партнери за осигурување на успешен пат кон членството во ЕУ

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, дводневната работна посета на Брисел ја заокружи со средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос, на која во фокусот на разговорот биле реформските напори на земјата во контекст на европското досие и Планот за раст на Западен Балкан.