Денеска сме овде во Брисел да испратиме порака дека македонските граѓани и Македонија како држава го заслужуваат своето место со останатите 27 земји членки на Европската Унија, и дека нашето место е токму тука на истата маса заедно со нив, бидејќи ние споделуваме исти вредности и се бориме за исти вредности и веруваме во тие вредности, а тоа е да бидеме обединети во различностите.
Ова го порача од Брисел премиерот Христијан Мицкоски, кој во престолнината на Европската Унија предводи владина делегација во чиј состав се министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, неговиот советник за надворешни работи, амбасадорот Марковски и шефот на кабинет, Владимир Нелоски.

Мицкоски како што се посочува во соопштението од владината прес служба, работниот ден денеска го започнал со билатерален состанок со заменик претседателката на Европската Комисија и одговорна за надворешна политика и одбранбени прашања Каја Калас.
„На состанокот разговаравме за сите оние стравови и за сето она што ние како држава и како народ моравме да го направиме во минатото во име на тие исти европски вредности и дека никогаш повеќе не смееме не само поради нас туку и поради вредностите коишто ги споделуваме со Европската Унија да разговараме за билатерални прашања, за идентитетски прашања, и никогаш повеќе никој нема право да го оспорува нашиот многувековен идентитет и нашиот мајчин, македонски јазик којшто има многувековни корени“, истакнал Мицкоски.
Посетата продолжува со билатерални средби на премиерот Мицкоски со премиерот на Полска, Доналд Туск кој ќе биде следниот претседавач на Европска Унија, предвидена е и билатерална средба со премиерот на Шпанија, Педро Санчез, по што ќе учествува и на официјалниот Самит на Европската Унија со Западен Балкан.
„Очекувам навистина позитивни впечатоци, тука сме да ги браниме македонските интереси, македонскиот идентитет и истовремено да испратиме порака дека нашето место, веќе неколку пати тоа сме го потврдиле и го заслужуваме, е токму тука да бидеме рамноправна и полноправна членка на Европската унија“, вели премиерот Мицкоски.
Имплементацијата на Планот за раст на Западниот Балкан, напорите за регионална интеграција, како и можностите за натамошно унапредување на постепената интеграција меѓу Европската Унија и регионот, ќе бидат главни теми на денешниот Самит ЕУ-Западен Балкан .
На работната вечера на Самитот, лидерите ќе разговараат и за геополитичкиот контекст и предизвиците што ги засегаат ЕУ и регионот на Западниот Балкан. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој ќе претседава со Самитот, во поканата за собирот посочува дека „сегашниот геополитички контекст бара да се даде нов моментум на работата на ЕУ со земјите од регионот“.
Утре, премиерот Мицкоски ќе учествува и на Самитот на Европската народна партија (ЕПП), кој ќе се одржи пред средбата на шефовите на држави или влади на членките на ЕУ.
Слични новости
Македонската туристичка понуда на Меѓународната туристичка берза во Берлин
Туристичката понуда на Македонија, најатрактивните локалитети во земјава и локалните туристички продукти ќе бидат презентирани на Меѓународната туристичка берза што од денеска наредните три дена ќе се одржува во Берлин
Под истрага двајца полициски службеници, определена мерка притвор во траење од 30 дена
Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, донесе наредба за спроведување истражна постапка против двајца полициски службеници
Мицкоски: Се надевам дека нашиот процес на евроинтеграции ќе биде откочен со големата поддршка од Унгарија
Нашата стратешка цел како држава да бидеме дел од европското семејство, нешто што го заслуживме многу одамна била, е и ќе остане наша стратешка цел, но исто така мораме да потенцираме дека тоа што македонските граѓаните го дадоа за реализирање на оваа стратешка цел, која за жал не е поместена од состојбата која беше пред 20 години, рече мешу другото во Будимпешта, премиерот Мицкоски