Премиерот Христијан Мицкоски упати остри пораки за текот на македонските евроинтеграции, оценувајќи дека државата е жртва на класичен булинг од страна на земји членки на ЕУ. Мицкоски порача дека напредокот на Македонија не се вреднува според реформите, туку исклучиво преку наметнување политички услови.
„Не се цени напредокот, туку тоа дали ќе го промениме Уставот, банкнотите, знамето. Колку повеќе го игнорираме тоа, толку потежок ќе биде патот“, изјави Мицкоски.
Премиерот ги обвини поранешните политички гарнитури дека поради неспособноста да се справат со домашниот криминал и корупција, прифаќале сѐ што ќе им се понудело на парче „бела хартија“ само за да останат на власт.
Мицкоски предупреди на нова иницијатива која, според него, се разгледува во Брисел – создавање на земји членки од „прва и втора лига“.
Тој оцени дека овој концепт бара сериозно размислување и мудри одлуки од наша страна, потенцирајќи дека народот мора да биде трпелив во овие историски моменти бидејќи нема ништо полошо за една нација од корумпирани лидери.
Слични новости
Македонија тапка во место во борбата против корупцијата
Според рангирањето Северна Македонија е во друштво со Бугарија, Танзанија, Унгарија, Куба, Буркина Фасо и Гвајана.
Владата ќе донесе одлуки за построга контрола при одгледувањето медицинска марихуана
Владата на денешната седница се очекува да донесе одлука да се проверува секоја фирма за одгледување на марихуана за медицински цели
Пешевски: Пратениците да се одважат, да изгласаат 600 евра минимална плата
Ќе продолжиме да ги блокираме и пратениците и министрите и владата и работодавачите и сите оние кои се виновни што низ годините го донесоа македонскиот работник на дното
