Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше гостин на Атлантскиот совет во Вашингтон каде што говореше за иднината на трансатлантските односи и Западен Балкан, осврнувајќи се на односите со Грција, посебно со Бугарија и нашето членство во ЕУ.

„На разговорот во Атлантскиот совет истакнав дека и покрај значајните отстапки за напредок во евроатлантската интеграција, Македонија останува посветена на заштитата на своите национални интереси и идентитет. Посебен акцент ставив на улогата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур како гарант на човековите права и владеењето на правото, нагласувајќи дека нашата држава ги почитува сите негови пресуди“, објави Мицкоски на Фејсбук.

Премиерот Мицкоски во рамките на посетата на Вашингтон, ќе има обраќање и на годишната Конференција за конзервативна политичка акција.

Мицкоски на Фејсбук објави видео од организаторот на конференцијата со кое се најавува неговото обраќање.

На тридневниот состанок на конзервативците ќе се обратат американскиот претседател Доналд Трамп и политичари од Аргентина, Велика Британија, Полска и Италија.

Американскиот потпретседател ЏејДи Венс ја води Конференцијата за конзервативна политичка акција, а другите сесии ќе вклучуваат дискусии за криптовалутите и мирот на Блискиoт Исток, како и панел со роднини на заложниците кои се држат во Газа.

Покрај претседателот на Претставничкиот дом на САД Мајк Џонсон, на агендата денеска се и поранешната британска премиерка Лиз Трас и политичкиот директор на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Предвидено говори да имаат и словачкиот премиер Роберт Фицо, аргентинскиот претседател Хавиер Милеи и италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Претедателот на македонската Влада, кој во САД е придружуван од шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, синоќа имал средба со Александар Касаноф, заменик помошник секретар за Западен Балкан во Бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот, на која станало збор состојбата во државата, за европските интеграции и препреките со кои се соочува земјава на тој план, како и за реформската посветеност на Владата и фокусот на клучните области.

Станало збор и за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, со посебен акцент на регионалната безбедност, економската соработка, доброто владеење и демократијата.

На средбата заеднички е потврден интересот за одржување континуитет во политичкиот дијалог и зацврстување на билатералните односи помеѓу двете земји, преку засилена комуникација и институционална соработка, продолжување на активностите во рамки на Стратешкиот дијалог, како и преку продлабочена соработка и партнерство во рамки на НАТО алијансата

globe

Слични новости

Сиљановска Давкова: Химната не треба да се менува

Сиљановска Давкова: Химната не треба да се менува

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се вклучи денеска во наметнатата дебата околу промената на грбот на државата, велејќи дека сега не е време за такви расправи. Таа смета дека химната нема потреба да се менува. Сиљановска стравува дека дебатата за грбот може да предизвика нови конфикти.

Клековски: Зависни сме од еден ПЕТ-скен апарат и од еден добавувач на суровини, ако дојде време за сервисирање нема алтернатива

Клековски: Зависни сме од еден ПЕТ-скен апарат и од еден добавувач на суровини, ако дојде време за сервисирање нема алтернатива

Директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, гостувајќи во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, најави иницијатива за повторно отворање на Центарот за трансплантација