Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува набргу да започнат судски процеси против поранешни високи функционери од претходната власт предводена од СДСМ. Мицкоски кажа дека „има чувство“ оти истрагите ќе опфатат поранешни претседатели на влада и нивни блиски членови на семејствата.
„Имам чувство дека набргу високи функционери од претходната влада на СДСМ, поранешни премиери, претседатели на влада, нивни блиски од семејствата, ќе бидат опфатени во одредени прогони. Имам чувство, не велам дека имам информација, имам чувство“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања.
Од СДСМ веднаш реагираа со став дека премиерот ги злоупотребува институциите за да ја скрие сопствената инволвираност во сомнителни процеси. Според опозициската партија, Мицкоски веќе ги поставил своите кадри на клучните позиции во судството и обвинителството и сега се обидува да ги прикрие меѓународните истраги за криминал и корупција што се водат против него.
Слични новости
Блокади на македонските гранични премини кон Косово и кон Грција
Денеска камионџиите ги блокираат граничните премини во Македонија и во регионот. Тие протестираат против правилата за ограничен престој во Шенген-зоната.
Масовни протести во Америка по убиството на Прети
Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека гувернерот на Минесота Тим Волц и градоначалникот на Минеаполис Џејкоб Фреј „поттикнуваат бунт со својата опасна и арогантна реторика“.
Во Америка се шират протести по убиството на Алекс Прети
Пукањето во Минеаполис во кое агент на граничната полкиција го уби Алекс Прети предизвика бран протести ширум Америка од Њујорк до Лос Анџелес.


