Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува набргу да започнат судски процеси против поранешни високи функционери од претходната власт предводена од СДСМ. Мицкоски кажа дека „има чувство“ оти истрагите ќе опфатат поранешни претседатели на влада и нивни блиски членови на семејствата.
„Имам чувство дека набргу високи функционери од претходната влада на СДСМ, поранешни премиери, претседатели на влада, нивни блиски од семејствата, ќе бидат опфатени во одредени прогони. Имам чувство, не велам дека имам информација, имам чувство“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања.
Од СДСМ веднаш реагираа со став дека премиерот ги злоупотребува институциите за да ја скрие сопствената инволвираност во сомнителни процеси. Според опозициската партија, Мицкоски веќе ги поставил своите кадри на клучните позиции во судството и обвинителството и сега се обидува да ги прикрие меѓународните истраги за криминал и корупција што се водат против него.
Слични новости
Нафтата скокна за 8 долари по барел по конфликтот на Блискиот исток
Американската сурова нафта се зголеми за околу 8 долари за барел, или 12 проценти и таа сега изнесува околу 75 долари за барел. Цената на нафтата Брент пак скокна на 82 долари за барел.
Од 1 март 2026 година – побезбедни онлајн плаќања
Наместо досегашната потврда со СМС-код, клиентот ќе добие известување преку мобилната банкарска апликација и ќе треба да ја одобри трансакцијата.
Парамаунт ќе го купува Ворнер Брос, Нетфликс се откажа
Извршните директори на Нетфликс изјавија дека нема да се обидат да ја надминат понудата на „Парамаунт“, велејќи дека договорот по таа цена веќе не е финансиски привлечен.


