Нема начин со сила да биде разрешен Судскиот совет. Ниту членовите кои се избрани од Собранието, а за кои е поднесена интерпелација, можат да не дадат оставки и покрај изгласаната недоверба. Сепак, борбата за промени во правосудниот систем ќе бидат со јавен притисок, истакна во неделата премиерот Христијан Мицкоски прашан околу интерпелациите поднесени во петок за членовите на Судскиот совет избрани од Собранието – Весна Дамева, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска, Павлина Црвенковска и Селим Адеми.
„Органот којшто ги избрал тие пет члена има право да даде свое мислење за нивната работа и тој со тоа што не им го прифатил извештајот за работа дал свое мислење. И сега логично е дека можат пратениците да поднесат таква процедура за интерпелација на членовите на Судски совет кои тие ги избрале, бидејќи таму нема членови на Судски совет кои се бирани само од пратениците, има и од судовите итн. Но, ќе повторам, тоа не значи дека им престанува мандатот на тие членови. Сепак, тие можат да си речат дека не си поднесуваме оставка и ќе останеме и понатаму да го водиме судството со доверба кај граѓаните од два проценти. Условно кажано, законот е таков – непрецизен и може тоа да се случи“, рече Мицкоски.

Премиерот вели дека тоа нема го изненади и оти тие како политичари можат да направат само јавен притисок бидејќи цени дека јавноста не е задоволна од работењето на овој состав.
„Со сила ништо не можеме да направиме. Нив до последно ги штити законот. Се разбира, таков е законот, тие можат да си речат не поднесуваме оставка и ќе тераме додека не ни завршат мандатите. Инаку кои се алатките? Еве за да нема дилема. Алатката е јавноста. Се бориме јавно. Вистината е најпрецизна во јавноста. Ќе се бориме со јавноста. Ценам дека јавноста не е задоволна од работењето на овој состав на Судскиот совет и мислам дека нема подобра алатка од јавноста. Апсолутно со јавен притисок“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по стартот на реконструкција на сквер во Општина Аеродром.
Премиерот посочи дека се надева оти тие ќе поднесат оставки.
„ Мислам дека ќе бидат доблесни, доколку се изгласа интерпелацијата, односно доколку заклучокот на пратениците е да има промени таму, тие да си заминат“, рече Мицкоски.
Премиерот нагласи дека доколку бидат разрешени, бирањето на новите членови на Судскиот совет ќе биде според законот што е во сила.
„Ние не можеме со претпоставки да водиме политика. Мораме да водиме политика врз основа на параметри коишто се дел од реалноста и ние ја прифаќаме таа реалност таква каква што е“, рече Мицкоски.
Во однос на тоа дали ќе поведат некаква постапка за членовите на Советот на јавни обвинители, Мицкоски истакна дека чекор по чекор ќе следат многу реформи во правосудството.
„Чекор по чекор ќе следат многу реформи. Јас никогаш не би сакал да зборувам со повисок тон или пак да се заканувам што ќе следува, но прво да се случат работите, па потоа ќе ги коментираме. Тоа е начинот на кој функционира оваа Влада. Внимателно, чекор по чекор, тивко, без многу помпа, без многу најави, без многу закани, да си ги завршуваме работите“, рече премиерот Мицкоски.
Пратеничките групи на партиите од власта ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ во петок до законодавниот дом поднесоа интерпелација за работата на членовите на Судскиот совет кои се бираат од страна на Собранието – Весна Дамева, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска, Павлина Црвенковска и Селим Адеми.
Во поднесените интерпелации за работата на членовите на Судскиот совет до претседателот на Собранието Африм Гаши се посочува дека се поднесуваат заради недоследнои спроведување на надлежности, особено заради негрижа, односно нарушување на угледот на судиите и загрозување и нарушување на довербата на граѓаните кон судството, а со тоа и на целиот правосуден систем, односно судството во целина.
Слични новости
Рокас: Мора да градиме добрососедски односи базирани на доверба
Ги знаеме фактите кои почнуваат од јули 2022 и овој Договор и заклучоците на Советот го обликуваат патот напред за Преговарачката рамка и за приемот во ЕУ. Ова е преземена обврска и од Северна Македонија и од ЕУ, еднакво. Истовремено мислам дека треба да сфатиме дека ова е значаен момент на шанса за ЕУ проширување. И морам да кажам дека јас сум уверен и силно верувам дека штом ова прашање се затвори, Северна Македонија ќе го забрза темпото, изјави вечерва евроамбасадорот Михалис Рокас.
Земјата е стабилна, а заканата од терористички напади е на ниско ниво
На седницата се расправаше за актуелната безбедноста состојба во Македонија, со посебен акцент на активностите за спречување на радикализацијата, насилен екстремизам и тероризам
Во куќен притвор остануваат двајцата поранешни градоначалници на Кочани, Апелација ги отфрли жалбите
Апелациониот суд во Штип, информира дека денеска на нејавна седница, постапувјаќи по повод изјавените жалби од осомничениот Ратко Димитровски и од ОЈО Кочани против решението на Основен суд Кочани со кое мерката притвор на осомничениот Димитровски е заменета со куќен притвор и му е определена мерка на претпазливост привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, донел одлука со која жалбите се отфрлаат како недозволени, а уважена е само жалбата на Димиторвски на определената мерка на претпазливос