Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со владина делегација, денеска е во посета на Унгарија.

Мицкоски ќе се сретне со  премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, а потоа  ќе има свое обраќање на бизнис форумот во Будимпешта, насловен „Ден на деловна соработка помеѓу Унгарија и Северна Македонија” на кој ќе се  разгледаат можностите за продлабочување на економската соработка меѓу унгарските и македонските компании.

Посетата се случува во време кога изборната кампања во Унгарија е во полн ек, а пред парламентарните избори закажани за 12 април.

Слични новости