Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, заедно со уште едно лице со дипломатско возило, вчера ја напуштил земјава и заминал во Косово. Мицкоски ова го потенцира во вечерашното гостување во „Click Plus” на ТВ21 кое треба да емитува со почеток од 21:30 часот.
„Моите информации се дека поранешниот директор на Државна Лотарија подолго време не е во земјата. Додека, поранешниот вицепремиер во текот на вчерашниот ден со еден стопанственик, со возило со дипломатски таблички ја напуштил Македонија и се упатил кон нашиот северен сосед Косово“, вели Мицкоски.

Премиерот во интервјуто посочува дека е донесена одлука за продолжување на реализацијата на коридорите 8 и 10Д, оти ако бил откажан проектот од „Бехтел и Енка“, државата ќе требало да исплаќа милиони.
„Кога требаше да се оценува проектот на Бехтел и Енка. Апсолутно и натаму го оценувам како најкриминален. Ако сега го откажам вас, нас и идните генерации ќе не чини милиони, затоа добив кнедла, добив политички куршуми, и решив да го решиме час поскоро. Мислете вие мило ми беше. Го имам истиот став“, рече тој.
Посочи дека 25 милиони евра одвоиле од Буџетот за финансирање на Универзитетот „Мајка Тереза“ и за ова бил нападнат од неговите колеги, но тоа, рече тој, никого не го интересира.
„Знаете колку бев нападнат од моите колеги од скопскиот универзитет? Знаете ли колкави беа ударите од универзитетот свети Кирил и Методиј врз мене… Еве јас сум професор таму или тоа никого не го интересира, бидејќи тоа не се споделува во тој микрокосмос. Можам да ви редам многу вакви примери каде што ние треба да покажеме единство“, вели Мицкоски.
Се осврнува и на неодамнешните настани и порача дека првпат биле одговорни пред органите оние кои го запалиле албанското знаме.
„Никогаш порано тоа не се случило. Е да, одговорни се тие коишто го палеа македонското знаме, национално, бидејќи тоа ни е заедничко“, додава Мицкоски.
Слични новости
Премиерот на Гренланд порача дека САД нема да го преземат островот
Соединетите држави нема да го преземат Гренланд, објави премиерот Јенс-Фредерик Нилсен во објава на Faceebok како одговор на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп
Детектор анкета: Стабилна поддршка за ЕУ членство, песимизам за прием
Над 61 процент од граѓаните би одговориле позитивно на референдумско прашање за влез на Македонија во Европската Унија, покажува анкетата која за емисијата Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС)…
Трамп најави секундарни царини за руската нафта доколку не дојде до договор за Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во неделата дека ќе воведе секундарни царини во износ од 25 до 50 отсто на целата руска нафта доколку почувствува дека Москва ги кочи неговите напори за завршување на војната во Украина