Премиерот Христијан Мицкоски го охрабри Обвинителството да работи понатаму и да утврдува дали уште некој друг има одговорност во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во која животите ги загубија 62 млади луѓе и околу 200 беа повредени.
По вчерашното одредување мерка притвор од 30 дена за вистинскиот сопственик на Агенцијата за обезбедување „Рубикон“, Александар Нацев, кој е поврзан со трагедијата во Кочани, прашан какви конекции има Нацев со партиските структури и раководство на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски кажа дека Нацев бил функционер на влада на ВМРО-ДПМНЕ во периодот 2016-2017 година.

„Александар Нацев бил дел од владата на ВМРО-ДПМНЕ во периодот 2016-2017 година, обавувал некаква функција во тој период и тоа е последното нешто што го познавам и го поврзувам со Александар Нацев. Го охрабрувам Обвинителството да продолжи и понатаму да работи и доколку кои било мислат дека имаат каква било одговорност во овој случај, зборуваме за ужасната трагедија во Кочани, да дејствува. Ние ќе им помогнеме“, изјави Мицкоски.
Нацев се товари за тешки дела против општата сигурност. Според доказите Нацев, е реалниот сопственик на агенцијата „Рубикон”, која кобната ноќ, го обезбедувала локалот. Тој, цело време раководел со деловниот потфат заедно со веќе осомниченичениот управител и овластеното лице на подружницата во Кочани. Без склучен договор за 2025 година, ја обезбедувал дискотеката, а прекршени се и неколку членови од Законот за приватно обезбедување. Немале направено безбедносна проценка и план за обезбедување, ниту пак, план за евакуација.
„Во текот на вечерта кога настанал пожарот не контролирале и овозможиле влез на деца во објектот, не воделе грижа за преполнетоста на капацитетот за посетители во објектот, не спречиле внес и користење на експлозивни материи-пиротехнички средства“, информираа од Обвинителството.
Врз основа на судска наредба беше извршен претрес на локации во Скопје и Пробиштип, како и во автомобилот на Нацев, при што е одземена документација и електронски уреди. Во досегашната истрага за тешки дела против општата сигурност осомничени се вкупно 46 лица. Истрагата продолжува и за 14 полициски службеници, за кои се уште се собираат докази.
Слични новости
Серија земјотреси регистрирани во Охрид и околината
Серија земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, 102 километри југозападно од Скопје, се регистрирани изутрината во 4 часот и 34 минути во Охридскиот регион
Во Скопје се одржа протест за кучето Феликс
Од протестот побараа максимална затворска казна за Љубе Крествески. Во македонскиот Кривичен Законик веќе 20 години постои кривичното дело убиство и мачење животни, кое се казнува со затворска казна, а досега не е изречена ниту една таква пресуда.
Премиерот Мицкоски очекува висок раст на БДП во вториот квартал
Не велам дека имаме раст, но ако имаме предвид дека бевме длабок минус ние сме дојдени во состојба нула и сега треба да креваме“, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.