Комисијата за финансирање и буџет ја почна надзорната расправа за Алта банка, на која треба да се разгледаат околностите што довеле до воведување администрација во банката, улогата на Народната банка во постапката, како и одговорноста на надлежните институции.

Прв поканет сведок е премиерот Христијан Мицкоски, кој се обрати пред Комисијата. Мицкоски ги отфрли тврдењата дека посредувал во продажбата на банката, нагласувајќи дека преземањето било реализирано преку купување акции од приватни акционери, а не од државата.

Во периодот на локалните избори во 2025 година Владата не можела да им дава насоки на јавните претпријатија и државните акционерски друштва за тоа како да постапуваат со акциите што ги поседувале во Стопанска банка Битола, објасни премиерот. 

Слични новости