Премиерот Христијан Мицкоски, ја коментираше ситуацијата околу паркингот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, односно дека преку јавно-приватно партнество е избрана фирмата „Ѓока“ од Албанија.

„Прво направена е физибилити студија, и во основ на таа физибилити студија е одлучено дека вака е најдобро. Второ беше распишан јавен оглас, на кој се јави само една компанија. И трето, ние немаме ништо потпишано. Ако јавноста е против, а гледаме дека е против, тогаш нема ниту да потпишуваме“, рече Мицкоски и додаде:

„Нашата цел беше само да се реши хаосот на Клиничкиот центар, затоа што верувајте дека се губат животи само поради гужвата и хаосот на тој паркинг“, изјави Мицкоски.

 

Слични новости

Притвор за Капушевски и уште две лица, а за Јаховски куќен притвор

Притвор за Капушевски и уште две лица, а за Јаховски куќен притвор

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки притвор и мерки за обезбедување присуство против 13 лица, поврзани со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, а кои дел беа спроведени во судот во вторникот попладнето донел решенија