Изминативе денови се направени 116 вонредни надзори врз основа на Законот за угостителска дејност. Преземени се повеќе чекори. Решенија за привремена забрана се изречени на 10 правни субјекти, кафулиња и клубови по Законот за угостителска дејност. Ова се однесува во делот на прекршочна санкција и кај сите е различно, зависи од прекршокот. Тоа е утврдено во самиот записник, а некаде забраната е 10, 15, 20 или 30 дена, соопшти на денешната прес-конференција портпаролката на Владата Марија Митева.
Утврдено е дека 15 правни субјекти од вкупно 23, кои имаат активна лиценца не исполнуваат минимално-технички услови.

„Кај нив ќе бидат изречени две мерки. Прво решенија за забрана за вршење дејност и предлог до Министерството за економија за одземање на лиценцата. Кај шест правни субјекти кои немаат активна лиценца или таа им е истечена, а е утврдено дека изминатиот период функционирале, издадени се решенија за забрана за вршење дејност“, рече Митева во Владата.
Информираше дека се издадени 59 прекршочни платни налози во износ од 522 690 денари и по други основи од Законот за угостителска дејност. Додаде дека тие други основи се однесуваат на непочитување на некои нормативни кои требало да бидат заверени кај градоначалникот, одобренија за тераси, неистакнат број на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) итн.
Митева најави дека во координација со МВР, ДПИ овие денови почнуваат со инспекциски надзори во објекти за организирање прослави и настани, со посебен акцент на утврдување минимално-технички услови, категоризација на ресторани, како и за други одредби од Законот за угостителство.
Слични новости
Филков: Само со независно и непристрасно судење можеме да градиме општество во кое законите важат еднакво за сите
Според министерот, правда и одговорност мора да има, владеењето на правото не смее да биде само декларативна заложба, туку реалност во секоја судница и институција.
Детектор анкета: Стабилна поддршка за ЕУ членство, песимизам за прием
Над 61 процент од граѓаните би одговориле позитивно на референдумско прашање за влез на Македонија во Европската Унија, покажува анкетата која за емисијата Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС)…
Кај двајца пациенти од пожарот во Кочани згрижени во Солун има одредено подобрување и се екстубирани
Во Скопје вкупно се лекуваат 16 пациенти, а за денес нема најава за враќање други пациенти од странство, наведуваат во соопштението од Министерство за здравство