Изминативе денови се направени 116 вонредни надзори врз основа на Законот за угостителска дејност. Преземени се повеќе чекори. Решенија за привремена забрана се изречени на 10 правни субјекти, кафулиња и клубови по Законот за угостителска дејност. Ова се однесува во делот на прекршочна санкција и кај сите е различно, зависи од прекршокот. Тоа е утврдено во самиот записник, а некаде забраната е 10, 15, 20 или 30 дена, соопшти на денешната прес-конференција портпаролката на Владата Марија Митева.
Утврдено е дека 15 правни субјекти од вкупно 23, кои имаат активна лиценца не исполнуваат минимално-технички услови.

„Кај нив ќе бидат изречени две мерки. Прво решенија за забрана за вршење дејност и предлог до Министерството за економија за одземање на лиценцата. Кај шест правни субјекти кои немаат активна лиценца или таа им е истечена, а е утврдено дека изминатиот период функционирале, издадени се решенија за забрана за вршење дејност“, рече Митева во Владата.
Информираше дека се издадени 59 прекршочни платни налози во износ од 522 690 денари и по други основи од Законот за угостителска дејност. Додаде дека тие други основи се однесуваат на непочитување на некои нормативни кои требало да бидат заверени кај градоначалникот, одобренија за тераси, неистакнат број на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) итн.
Митева најави дека во координација со МВР, ДПИ овие денови почнуваат со инспекциски надзори во објекти за организирање прослави и настани, со посебен акцент на утврдување минимално-технички услови, категоризација на ресторани, како и за други одредби од Законот за угостителство.
Слични новости
Рокас: Мора да градиме добрососедски односи базирани на доверба
Ги знаеме фактите кои почнуваат од јули 2022 и овој Договор и заклучоците на Советот го обликуваат патот напред за Преговарачката рамка и за приемот во ЕУ. Ова е преземена обврска и од Северна Македонија и од ЕУ, еднакво. Истовремено мислам дека треба да сфатиме дека ова е значаен момент на шанса за ЕУ проширување. И морам да кажам дека јас сум уверен и силно верувам дека штом ова прашање се затвори, Северна Македонија ќе го забрза темпото, изјави вечерва евроамбасадорот Михалис Рокас.
Земјата е стабилна, а заканата од терористички напади е на ниско ниво
На седницата се расправаше за актуелната безбедноста состојба во Македонија, со посебен акцент на активностите за спречување на радикализацијата, насилен екстремизам и тероризам
Во куќен притвор остануваат двајцата поранешни градоначалници на Кочани, Апелација ги отфрли жалбите
Апелациониот суд во Штип, информира дека денеска на нејавна седница, постапувјаќи по повод изјавените жалби од осомничениот Ратко Димитровски и од ОЈО Кочани против решението на Основен суд Кочани со кое мерката притвор на осомничениот Димитровски е заменета со куќен притвор и му е определена мерка на претпазливост привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, донел одлука со која жалбите се отфрлаат како недозволени, а уважена е само жалбата на Димиторвски на определената мерка на претпазливос