Изминативе денови се направени 116 вонредни надзори врз основа на Законот за угостителска дејност. Преземени се повеќе чекори. Решенија за привремена забрана се изречени на 10 правни субјекти, кафулиња и клубови по Законот за угостителска дејност. Ова се однесува во делот на прекршочна санкција и кај сите е различно, зависи од прекршокот. Тоа е утврдено во самиот записник, а некаде забраната е 10, 15, 20 или 30 дена, соопшти на денешната прес-конференција портпаролката на Владата Марија Митева.

Утврдено е дека 15 правни субјекти од вкупно 23, кои имаат активна лиценца не исполнуваат минимално-технички услови.

„Кај нив ќе бидат изречени две мерки. Прво решенија за забрана за вршење дејност и предлог до Министерството за економија за одземање на лиценцата. Кај шест правни субјекти кои немаат активна лиценца или таа им е истечена, а е утврдено дека изминатиот период функционирале, издадени се решенија за забрана за вршење дејност“, рече Митева во Владата.

Информираше дека се издадени 59 прекршочни платни налози во износ од 522 690 денари и по други основи од Законот за угостителска дејност. Додаде дека тие други основи се однесуваат на непочитување на некои нормативни кои требало да бидат заверени кај градоначалникот, одобренија за тераси, неистакнат број на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) итн.

Митева најави дека во координација со МВР, ДПИ овие денови почнуваат со инспекциски надзори во објекти за организирање прослави и настани, со посебен акцент на утврдување минимално-технички услови, категоризација на ресторани, како и за други одредби од Законот за угостителство.

globe

Слични новости

Одложена седницата на Советот на јавни обвинители на која требаше да биде разгледан предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски

Одложена седницата на Советот на јавни обвинители на која требаше да биде разгледан предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски

Одложена седницата на Советот на јавни обвинители на која требаше да биде разгледан предлогот за разрешување од функцијата Јавен обвинител поднесен од Владата

Нови претреси и распити во истрагата за пожарот во Кочани, пет пациенти се уште се во критична состојба

Нови претреси и распити во истрагата за пожарот во Кочани, пет пациенти се уште се во критична состојба

Истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ продолжи со нови претреси за обезбедување докази и распити на лица, а дејствија ќе преземе и Управата за финансиска полиција