Владата категорично ги отфрла тврдењата на опозицијата за наводна нетранспарентност околу скандалот со ИПАРД програмата.
„Апсолутно го отфрлам ова тврдење дека се крие нешто во однос на таа постапка. Знаете дека сме максимално транспарентни“, изјави на денешната прес-конференција портпаролката Марија Митева, одговарајќи на новинарски прашања.
Дополни дека очекува Министерството за земјоделство и сите надлежни институции, вклучително и судските органи кои постапуваат надвор од извршната власт, да ги дадат своите информации за состојбите.
Портпартолката на СДСМ Богданка Кузеска денеска на прес-конференција обвини дека „две недели по скандалот за ИПАРД, наместо да даде одговор на клучните прашања, министерот Цветан Трипуновски бега од одговорност, од вистината за суспензијата на парите а бега и од одговори“.
Средствата од ИПАРД 3 програмата (2021–2027) во Македонија се привремено суспендирани поради проблеми и сомнежи околу работењето на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, што предизвика прекин на исплатите како превентивна мерка за заштита на европските фондови.
Слични новости
Собранието ја донесе Одлуката за прераспределба на 12,5 милијарди денари буџетски средства
Собранието попладнево, со 60 гласа „за“ и девет против, ја донесе Одлуката за прераспределба на средствата помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите.
Коцевски смета дека на Анкетната комисија не треба да се изнесуваат докази и искази за трагедиите
Во Собранието со 84 гласа „за“, беше донесена одлука за формирање на анкетна комисија која ќе ги опфати сите немили случаи и трагедии во кои изгубија живот 138 лица
Повторно затворен граничниот премин Евзони
Околу 14 часот по локално време грчките земјоделци одново го затворија граничниот премин Евзони за влез и излез од Грција кон нашата земја


