На 95-то издание на изборот за Мис на Франција во саботата, првпат во историјата на ова натпреварување победи кандидатката во 40-те години, Мис Мартиник 2024 година, 34-годишната Анжелик Ањарни-Филопон.

Ревизијата на прописите пред две години ѝ овозможи да победи на изборот за Мис на Франција. Под притисок на критичарите, организаторите ги укинаа сите старосни ограничувања, претходно поставени на 24 години и отворија апликации за мажени жени и мајки.

Така, стјуардесата Анжелик Ањарни-Филопон, која беше избрана за Мис Мартиник 2024 година, стана најстарата победничка во историјата на изборот за Мис на Франција.

Таа беше избрана меѓу 30 кандидатки, од кои најмладата има 18 години.

Анжелик Ањарни-Филопон веќе се претстави на изборот за Мис Мартиник во 2011 година на Карибите. Решила да се пријави повторно оваа година кога конкурсот беше модернизиран.

„Во 2011 година, една млада жена на 20-годишна возраст беше првата придружничка на изборот за Мис Мартиник. Денес, истата таа млада жена на 34-годишна возраст стои пред вас повторно да ја претставува Мартиник, дијаспората како и сите жени на кои некогаш им беше кажано дека е предоцна“, рече таа за време на церемонијата одржана во Поатје, западна Франција.

Изборот за Мис на Франција 2025 се одржа бидејќи Холандија одлучи да го замени изборот за убавина, сметајќи дека е „застарен“.

Во Холандија, изборот за мис ќе биде заменет со истакнување на успешни жени „за да го прослават реалниот живот, без притисок да се усогласат со совршената слика“, објави во четвртокот поранешната директорка на Мис на Холандија, Моника ван Ее

За француското здружение Osez le feminisme!, ова „оди во вистинската насока“: „мораме да ставиме крај на општеството во кое жените се предмети“, изјави за AFP портпаролката на здружението Алиенор Лоран.

globe

Слични новости

Ватикан на работ од банкрот

Ватикан на работ од банкрот

Ватикан, најмалата држава на светот, за своите проходи се потпира врз комбинација на донации и инвестиции. Во 2023 дефицитот на Ватикан изнесуваше 83 милиони евра, што е 5 милиони евра повеќе отколку лани, објавуваат италијанските медиуми.

Елтон Џон прогласен за икона на годината на „Тајм“

Елтон Џон прогласен за икона на годината на „Тајм“

Сер Елтон Џон е прогласен за икона на годината на магазинот „Тајм“ за 2024 со што е овековечено неговото шестдецениско патување низ музичката индустрија. Признанието не го одразува само неговото трајно влијание во музиката, туку и придонесот кон филантропијата и активизмот.