Фатима Бош Фернандез од Мексико беше крунисана за Мис Универзум 2025 ноќта кон петокот, во драматична победа за 25-годишната девојка која се најде во центарот на турбулентното 74-то издание на популарниот избор за убавина во Бангкок, која се спротивстави на јавното малтретирање од еден од домаќините.
Второпласирана беше 29-годишната Правинар Синг од Тајланд, а 25-годишната Стефани Адријана Абасали Насер од Венецуела се пласираше на третото место.
Меѓу избраничките на натпреварувањето беа и 28-годишната Ахтиса Манало од Филипините и 27-годишната Оливија Јасе од Брегот на Слоновата Коска, која заврши на петтото место.
Лошите вибрации на овогодинешниот настан произлегоа од остриот прекор кон мексиканската натпреварувачка Бош, што предизвика контроверзност обележана со напуштање на настанот, феминистичка солидарност и плачливо мелодраматично извинување од локалниот организатор, кој го предизвика сето тоа.
Слични новости
Дете изгоре автомобил со жижица
Петгодишно момченце, на кое мајка му дала жижица, запалило автомобил и предизвикало штета од 30.000 евра, соопшти во неделата полицијата во западната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија
Бен Стилер му возврати на Тарантино
Актерот Бен Стилер застана во одбрана на колегата Пол Дан откако култниот режисер Квентин Тарантино го нарече „проклето најлошиот актер во Холивуд” во шокантната изјава
Шпанска Сарагоса најпристапен град за лицата со попреченост
Шпанскиот град Сарагоса ја освои првата награда на натпреварувањето Пристапен град за лицата со попреченост за 2026 година, пред уште еден град во Шпанија, Валенсија и францускиот Рен, на натпреварувањето што го организира Европската комисија


