Обединетите Арапски Емирати им соопштија на своите сојузници дека се подготвени да учествуваат во мултинационална поморска мисија за враќање на бродскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец, објави „Фајненшл тајмс“.
Според медиумските извори, ОАЕ им соопштиле на САД и другите западни земји дека ќе се приклучат на иницијативата, а две од нив укажуваат дека Абу Даби е подготвен да распореди сопствена морнарица.
Ова го одразува построгиот став на земјата кон Иран, откако ги претрпе последиците од одмаздничките акции на Техеран.
Фокусот е на создавање на најширока можна меѓународна коалиција. ОАЕ, исто така, соработуваат со Бахреин на резолуција на Советот за безбедност на ОН за мандат на идните сили, но Русија и Кина веројатно ќе се спротистават на тоа.
Слични новости
Вашингтон употреби една од шесте најмоќни бомби за напад врз нуклеарен комплекс близу Техеран
Според проценките на експертите во нападот врз бункерите се користени бомбите ГБУ-57, кои се исклучително моќни бомби од конвенционалните муниции, а обично се носат на стратегиските бомбардери Б-2.
Иран ги засилува нападите врз танкерите со нафта
Најмалку едно лице е убиено во напад врз два танкери за нафта во Персискиот Залив, соопштија ирачките власти. Танкерите беа погодени во близина на пристаништето Ум Каср во јужен Ирак.
Нападнат аеродромот во Кувајт, во Дубаи и Катар евакуации на финансиските компании
Меѓународниот аеродром во Кувајт денеска беше цел на напад на повеќе беспилотни летала. Властите во Кувајт соопштија дека е причинета материјална штета на аеродромот, но дека во нападот немало жртви.


