Сегашното издвојување од Буџетот за одбраната е над два проценти и тој процент ќе се зголемува со растот на економијата, но засега и наеднша е тешко остварливо да се постигнат пет проценти, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски.

 

„Тоа се многу средства за која било држава. Неколку земји може да стигнат до пет проценти. Ние сме над два процента од нашиот Буџет односно БДП. Она што е важно е да расте економијата бидејќи со самиот раст на економијата и нашиот процент би бил поголем“, рече Мисајловски, додавајќи дека тоа мора да биде внимателно направено, чекор по чекор.

Мисајловски направи споредба дека многу земји немаат стигнато ниту до два процента како на пример Словенија, а две третини имаат два процента. Во овој момент, според Мисајловски, буџетот на МО е најголем во историјата на државата.

globe

Слични новости

Изгласана интерпелацијата за Весна Дамева

Изгласана интерпелацијата за Весна Дамева

Со 77 гласа Собранието во вторникот изгласа недоверба на Весна Дамева, член на Судски Совет. Според заклучокот, Дамева имала значителен придонес во загрозување на независноста, професионалноста и угледот на судството и судиите и придонела за падот на довербта на граѓаните кон судствот