Нашата земја останува посветена на намерата за континуирано вложување на два проценти од БДП за одбраната, што ја позиционираше меѓу две третини од сојузничките држави кои ја имаат исполнето оваа заеднички цел на НАТО, порача министерот за одбрана Владо Мисајловски во обраќањето на денешниот состанок на Северноатлантскиот совет во Брисел.
Мисајловски даде целосна поддршка и на зацврстувањето на концептот за одбрана и одвраќање на НАТО, преку исполнување на дефинираните цели на способности и континуираното вложување во модернизација и опремување.

Тој истакна дека за оваа намена се одвоени над 32 проценти од македонскиот одбранбен буџет за 2025 година или над 106 милиони евра, додавајќи дека НАТО треба да продолжи да работи заедно со Европската Унија на развој на одбранбените капацитети, а се осврна и на македонскиот придонес кон колективната одбрана на Алијансата.
Мисајловски воедно му упати честитки на Пит Хегсет за преземањето на функцијата секретар за одбрана на САД.
Попладнево Мисајловски ќе учествува и на неформалниот состанокот на Советот НАТО-Украина во форма на работен ручек, на кој ќе присуствуваат и украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и одбранбена политика Каја Каласи на кој ќе се разговараме за тоа што може Алијансата да направи повеќе за да го поддржи Киев во справувањето со руската инвазија.
Слични новости
Градоначалникот на Кочани поднесе неотповиклива оставка
Градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов поднесе неотповиклива оставка од функцијата по трагичната несреќа во Кочани во која загинаа 59 лица
Во Македонија пристигнати 15 лекари специјалисти за да помогнат околу третманот на повредените во Кочани
15 специјалисти од Србија и Чешка се пристигнати во Македонија за да помогнат во лекувањето на повредените во катастрофалниот пожар што се случи во дискотеката Пулс во Кочани во кој загинаа 59 млади луѓе, а 155 се повредени. Се очекува да пристигнат и специјалисти од Израел.
Студентите на УКИМ неделава ќе организираат собири за жртвите во пожарот, од Ректоратот имаат дозвола за прекин на наставата
Студентите и професорите на Скопскиот универзитет денеска и во текот на целата недела ќе присуствуваат на организирани собири – Заеднички час, што точно напладне ќе се одржуваат на различни кампуси на УКИМ, за да изразат почит на жртвите во пожарот на концертот во Кочани и поддршка на нивните семејства.