Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Брисел во рамки на предвидените состаноци на министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО, учествуваше на состанокот на Контакт групата за Украина, кој прв пат се реализира под водство на Обединетото Кралство.
Како што соопшти Министерството за одбрана, на состанокот предводен од секретарот за одбрана на Обединетото Кралство, Џон Хили, на кој учествуваа министри и високи претставници на 50-тина земји, генералниот секретар на НАТО Марк Руте како и високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Каја Калас, фокус беше поддршката на Украина.

Од започнувањето на агресијата врз Украина, македонската Влада досега има донесено 15 одлуки за хуманитарна и воено-техничка помош и поддршка на украинскиот народ и на Украина како земја која ја брани својата независност и територијален суверенитет и во континуитет се залага за почитување на меѓународното право и правен поредок“, стои во соопштението.
Мисајловски утре во Брисел ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво министри за одбрана и состанокот на Советот НАТО- Украина.
Слични новости
Има интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија, вели Рокас, ЕУ лидери ќе го посетат Скопје во следните месеци
Постои интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија, во таа насока лидери на Европската Унија ќе го посетат Скопје во следните месеци, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас, по поставување камен-темелник на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова нога“
Мицкоски не очекува криза, но смета дека заканите од ДУИ ќе продолжат со несмален интензитет
Премиерот Христијан Мицкоски не очекува политичка криза во пресрет на локалните избори, но очекува, како што изјави денеска, заканите од страна на ДУИ да продолжат со несмален интензитет.
Мисајлоски: Буџетот за одбраната е два отсто и ќе се зголемува со растот на економијата
Сегашното издвојување од Буџетот за одбраната е над два проценти и тој процент ќе се зголемува со растот на економијата, но засега и наеднша е тешко остварливо да се постигнат пет проценти, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски