Сметаме дека македонски војници на украинска територија не треба да има. Она што е најважно и е од особена важност за украинските граѓани, најнапред да се воспостави мирна состојба односно да се дојде до взаемно решение кое би гарантирало долгорочен мир, а во меѓувреме да се разговара за модалитетите за натамошна помош, изјави министерот за одбрана, Владо Мисајловски, за Гласот на Америка.

„Да се најде решение. Ние сме земја за мир, сакаме да има мирно решавање и потоа да видиме максимум она што ние како држава може да помогнеме. Тогаш се разбира, би го кажале нашиот став. Да видиме како ќе се одвиваат овие работи, потенцира министерот Мисајловски.
Засега нема такво барање, не е ставено на масата, но има различни размислувања помеѓу различни земји. Очекувам дека во наредните недели дека тоа ќе биде едно од прашањата за коешто би можеле да се размислува вака подлабоко. Но, пред сè треба да се седне и да се најде мирно решение“, додаде Мисајловски во интервјуто за Гласот на Америка.
Слични новости
Изгласана интерпелацијата за Весна Дамева
Со 77 гласа Собранието во вторникот изгласа недоверба на Весна Дамева, член на Судски Совет. Според заклучокот, Дамева имала значителен придонес во загрозување на независноста, професионалноста и угледот на судството и судиите и придонела за падот на довербта на граѓаните кон судствот
Уапсени 11 лица за сомнителни набавки на деривати
Полицијата вчера извршила претреси на повеќе локации во Скопје, Битола и Кичево, кај правни и физички лица, во врска со сомнителните набавки на деривати.
Македонија и Азербејџан ќе ја унапредуваат соработката во енергетиката и економијата
Македонија и Азербејџан ќе ја унапредуваат соработката преку декларација за стратешко партнерстство и пријателство првенствено со фокус на енергетиката и економијата, а се иницира и укинување на визи за дипломатски и службени пасоши