Свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на Командата за операции (КО) се одржа денеска во кумановската касарна „Боро Менков“. Врз основа на Укази на претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова, должноста командант на КО од бригаден генерал Бесник Емини ја прими бригаден генерал Мирче Ѓоргоски.

Бригадниот генерал Ѓоргоски досега ја извршуваше должноста началник на штаб во Командата за операции, а отсега ќе раководи со најголемата оперативна команда во Армијата, додека бригадниот генерал Бесник Емини кој беше на оваа должност од јуни 2021 година, во иднина ќе ја извршува должноста државен советник за политика и планирање во Директоратот за политика и планирање, кризен менаџмент и цивилно-воена соработка во Министерството за одбрана.

Во своето обраќање началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, истакна да се биде на чело на оваа команда, која го зазема најважното место во одбраната на суверенитетот и интегритетот на татковината, е вистински предизвик, огромна привилегија и чест, но и огромна одговорност. На досегашниот командант му изрази благодарност за неговото посветено и професионално командување и раководење со КО, истовремено изразувајќи уверување дека новопоставениот командант со своето искуство и војничка кариера ќе продолжи со успех да ја води КО.

Генералот Емини во својот говор изрази благодарност до припадниците на КО за нивниот висок професионализам, труд, залагање и резултати, кои го направија да биде горд командант. Генералот изрази и благодарност за досегашната професионална соработка до Генералштабот на Армијата, Министерството за одбрана, акредитираните аташеи на НАТО земјите и Канцеларијата за одбранбена соработка на САД. Обраќајќи се до припадниците на КО им порача да продолжат со успешно извршување на нивните обврски и задачи бидејќи само со чесна посветеност, личен интегритет и храброст можат успешно да придонесат во градењето на ликот на современ воин на нашата Армија.

Новопоставениот командант, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, во своето обраќање изрази благодарност за довербата која му е дадена да командува со КО. На досегашниот командант му оддаде признание за покажаното лидерство, умешноста во командувањето и пренесувањето на искуството на помладите со кои имал повеќе пати непосредна соработка во текот на досегашното работење. Генералот Ѓоргоски во своето обраќање најави дел од приоритетните задачи кои што следуваат, вклучително и модернизацијата на Армијата, која е најголема во историјата на нашата Армија и бара максимално ангажирање, а при која ќе го употреби сиот свој капацитет и знаење.

На денешната свеченост покрај началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски присуствуваа и заменикот на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, директорот на Генералштабот, бригаден генерал Орце Јордев, генерали во Армијата, пензионирани генерали, поранешни команданти на КО, командантот на Мултинационалната бригада на Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ), воено-дипломатскиот кор, градоначалници од зоната на одговорност, претставници од локалната самоуправа и останати гости.

globe

Слични новости

Спасовски: Наместо реформа во правосудството, власта прави упад во уставниот поредок

Спасовски: Наместо реформа во правосудството, власта прави упад во уставниот поредок

Спасовски потенцираше дека реформи во правосудството треба да има, меѓутоа согласно законите и уставните приниципи потенцирајќи дека веќе се подготвуваат неколку законски решенија за системски промени

Ниту еден чекор на Владата нема да биде во насока да се влоши состојбата во медиумскиот сектор  

Ниту еден чекор на Владата нема да биде во насока да се влоши состојбата во медиумскиот сектор  

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, учествуваше во вчерашната дебата на емисијата „360 степени“ на МРТ1, каде што главна тема беа Нацрт-измените на Законот за медиуми. Тој потсети дека нацртот бил објавен на системот ЕНЕР, дека имало различни коментари и дека актуелната верзија е некаква средна вредност што произлегла од нив.

Претреси на повеќе локации низ државата поради сомнителни набавки на нафтени деривати

Претреси на повеќе локации низ државата поради сомнителни набавки на нафтени деривати

На локации во Скопје и низ државата во тек е акција на Одделот за субивање на организиран криминал и корупција во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција