Новиот мировен предлог на САД за окончување на конфликтот во Украина предвидува влегување на оваа земја во ЕУ во 2027 и формирање на широка демилитаризирана зона во должина на линијата на контактот со Русија, пренесува Вашингтон пост, повикувајќи се на американски, украински и европски официјални лица.

Американскиот план предвидува и ограничување на големината на украинската армија на 800.000 војници, што би требало да биде дел од поширокиот безбедносен аранжман во постконфликтниот период.

Иако се претставени рамките на мировниот договор, една од главните точки на несогласувања се границите на идната Украина. Разговорите околу територијалните прашања сеуште се во тек.

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека украинскиот лидер Володимитр Зеленски треба да се „прибере“ и да го прифати мировниот план што го изработи Вашингтон, за да се стави крај на војната во претстојниот период,

Слични новости

Грчките земјоделци денеска со блокада и на пристаништето во Солун

Грчките земјоделци денеска со блокада и на пристаништето во Солун

За денеска земјоделците најавија блокада и на пристаништето во Солун.
Паралелно продолжуваат со блокади со трактори на клучни раскрсници на националните патишта, предизвикувајќи застои за возачи и камиони.

МВР: „Безбеден град“ ќе почне да функционира од 1 февруари во Скопје, Тетово Куманово и по коридорите 8 и 10

МВР: „Безбеден град“ ќе почне да функционира од 1 февруари во Скопје, Тетово Куманово и по коридорите 8 и 10

Одложувањето доаѓа поради потребата од дополнително тестирање и калибрација.Досегашното тестирање покажа дека дел од камерите не регистрираат прекршувања, особено на автопатите