Министрите за финансии на пет држави на Европската унија повикаа на воведување данок за вонредни профити на енергетските компании поради растот на цената на горивотот поради војната со Иран, се наведува во нивното писмо испратено до Европската унија.

Како што се наведува министрите за финансии на Германија, Италија, Шпанија, Португалија и Австрија во заедничкото писмо истакнале дека таквата мерка би претставувала сигнал на единство и подготвеност за дејствување.

Цените на дизелот во Европа го достигнаа највисокото ниво од 2022 година, а фјучерсите на дизел пораснаа на повеќе од 200 долари за барел, со дневен скок од речиси 10 проценти на лондонската берза.  

Слични новости

Лани профиотот на Мерцедес падна за 50 насто

Лани профиотот на Мерцедес падна за 50 насто

Германскиот производител на автомобили Мерцедес-Бенц денеска објави дека неговиот профит опадна од 10,4 милијарди евра во 2024 на 5,3 милијарди евра во 2025, што претставува намалување за речиси 50 насто.