Министрите за надворешни работи на Европската унија треба да се состанат во понеделник за да разговараат за нова иницијатива која би можела да обезбеди милијарди евра дополнителна воена помош за Украина.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Каја Калас предложи на Украина да ѝ се обезбеди помош вредна меѓу 20 и 40 милијарди евра, јави dpa. Земјите-членки на ЕУ би придонеле за оваа сума врз основа на нивната економска сила.

 

Со цел да се спречи можното вето од страна на поединечни влади, учеството во иницијативата би било доброволно, се наведува во текстот до кој пристап имала германската новинска агенција dpa.

Унгарија во минатото одбиваше да ја поддржи воената помош на ЕУ за Украина, нарекувајќи ја бесмислена и велејќи дека ја продолжува војната и страдањата на цивилите.

Министрите за надворешни работи не се очекува да постигнат договор за иницијативата, велат дипломатите, сугерирајќи дека ќе бидат потребни дополнителни разговори меѓу челниците на земјите. Тие треба да се сретнат во четврток на самит.

За некои земји, како Германија, поддршката предложена од Калас не би била проблем. Берлин веќе одобри помош од вкупно 4 милијарди евра за оваа година, а наскоро ќе бидат додадени уште 3 милијарди евра.

Меѓутоа, другите големи земји како Франција, Италија и Шпанија би морале значително да ја зголемат поддршката за Украина доколку сакаат да дадат придонес во фондот што е пропорционален на нивната економска сила.

Покрај финансиските ветувања, иницијативата поставува и цел за земјите-учеснички да достават два милиони парчиња артилериска муниција во Киев оваа година.

Други теми на агендата на состанокот се односите на ЕУ со САД, нејзината политика кон Иран и ситуацијата на Блискиот исток, како и Сирија.

globe

Слични новости

Гренландските лидери ја критикуваат посетата на американската делегација

Гренландските лидери ја критикуваат посетата на американската делегација

Гренландските лидери ја критикуваа најавената посета на висока американска делегација на полуавтономната данска територија што претседателот Доналд Трамп сака да ја присоедини на Соединетите држави

Калас: ЕУ против „нова ескалација“ на Блискиот исток, неопходно е враќање на примирјето

Израелските напади врз Сирија и Либан може да доведат до „нова ескалација“ во регионот, изјави во понеделникот во Ерусалим шефицата за надворешна политика на Европа, Каја Калас, по пристигнувањето во Израел, таа најави дека од одговорните ќе побара „итно враќање“ на примирјето во Газа

Поништено отповикувањето на јужнокорејскиот премиер Хан Дoк-Су

Поништено отповикувањето на јужнокорејскиот премиер Хан Дoк-Су

Уставниот суд на Јужна Кореја во понеделникот го отфрли отповикувањето на актуелниот премиер Хан Дoк-су, со што му ги врати овластувањата на претседателот што ги презеде откако поранешниот претседател прогласи вонредна состојба