Министерството за војна на САД им ги одзеде акредитациите и безбедносните пропусници на повеќето водечки американски медиумски куќи, откако редакциите одбија да ги потпишат новите правила за соработка со Пентагон, пренесува Гардијан.

Британскиот весник објавува дека со новите правила, Пентагон бара од новинарите да објавуваат строго официјални информации кои ги доставува министерството за војна и да се воздржат од користење на анонимни извори во известувањето за воени прашања.

Повеќето редакции ги оцени овие правила како напад врз новинарските слободи и одби да ги прифати.

Меѓу медиумите кои одбија да ја потпишат спогодбата се Вашингтон пост, Њујорк тајмс, Си-Ен-Ен, Гардијан, Ројтерс, Асошиејтед прес, Хафпост и Брејкинг дифенс.

Одлуката за укинувањето на акредитациите дополнително ги зголеми тензиите меѓу воениот естаблишмент и медиумите во САД, каде што прашањето на транспарентноста на работата на Пентагон веќе подолго време е предмет на јавни расправи.

Слични новости

Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф

Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека имал долг и „содржаен“ телефонски разговор со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер