Компанијата која е носител на одобрението за ставање во промет на лекот Фостер, што се наоѓа на позитивната листа, го известила министерството за здравство дека се направени промени во интерес на пациентите што го користат овој лек.

 „Почнувајќи од овој месец, осигурениците повторно ќе можат да го подигнат лекот од аптеките без доплата, односно само со плаќање на законски утврдената партиципација за услугата по рецепт.

 Тоа важи и за другите лекови што ги содржат истите активни компоненти и се користат во третманот на хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ)“, објави министерството за здравство

 

Слични новости