Предлог-законот за заштита од пушењето, подготвен од Министерството за здравство (МЗ), предвидува забрана за пушење во затворени јавни и работни простории, во согласност со европските стандарди и препораките на Светската здравствена организација.
Со ова се воспоставува јасно и универзално правило кое ги штити сите граѓани, без исклучоци и без сиви зони.
Како што информира МЗ според јавноздравствените стандарди, пушењето е личен избор, но заедничкиот затворен простор не смее да биде место каде тој избор се претвора во ризик за здравјето на другите.
Законот не уредува дали некој ќе пуши, туку јасно определува каде тоа не смее да се практикува, со цел заштита на здравјето на сите присутни.
Квалитетот на воздухот во затворени простории е директно поврзан со здравствените исходи. Чистиот воздух значи помалку иритации на дишните патишта, помалку астматични напади и намален ризик од развој на хронични заболувања.
Предлог-законот, како што се наведува, ја третира изложеноста на тутунски чад како прашање на безбедност и здравје при работа, а не како прашање на животен стил.
Слични новости
МВР поднесе кривична пријава против градоначалникот на Струга
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека е поднесена кривична пријава против градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура за „несовесно работење во службата“.
ЕУ почнува преговори за укинување на роаминг трошоците за Западен Балкан
Граѓаните од земјите од Западен Балкан ќе можат да се јавуваат, да испраќаат СМС-пораки и да користат мобилни податоци во Европа по иста цена како дома,
Од недела сончево и потопло време
На почетокот на новата работна недела ќе продолжи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Утринските температури ќе бидат од -1 до 7 степени, додека дневните ќе се движат од 16 до 24 степени.


