„Македонците се Македонци. Ова не е прашање на политика, туку на основно почитување на идентитетот и достоинството на еден народ. Во дипломатијата, прецизноста не е формалност. Таа е одраз на почит“, објави министерот Тимчо Муцунски на Фејсбук, по изјавата на бугарската министерка Петрова-Чамова.
Таа оцени дека имала добра прва средба со Муцунски која ја оцени како добра. Македонскиот министер на социјалните мрежи порача дека немало средба.
„Имавме кратка размена на зборови на маргините на настан, во присуство на повеќе колеги. Ако едноминутен разговор се нарекува ‘средба’, тогаш денес навистина имавме многу ‘средби’“, напиша Муцунски.
Македонскиот министер додаде дека се надева оти наскоро ќе имаат вистинска средба, во „пријателска и позитивна атмосфера“, насочена кон градење добрососедски односи и заедничка европска иднина.
Слични новости
Владата ќе донесе одлуки за построга контрола при одгледувањето медицинска марихуана
Владата на денешната седница се очекува да донесе одлука да се проверува секоја фирма за одгледување на марихуана за медицински цели
Пешевски: Пратениците да се одважат, да изгласаат 600 евра минимална плата
Ќе продолжиме да ги блокираме и пратениците и министрите и владата и работодавачите и сите оние кои се виновни што низ годините го донесоа македонскиот работник на дното