„Македонците се Македонци. Ова не е прашање на политика, туку на основно почитување на идентитетот и достоинството на еден народ. Во дипломатијата, прецизноста не е формалност. Таа е одраз на почит“, објави министерот Тимчо Муцунски на Фејсбук, по изјавата на бугарската министерка Петрова-Чамова.
Таа оцени дека имала добра прва средба со Муцунски која ја оцени како добра. Македонскиот министер на социјалните мрежи порача дека немало средба.
„Имавме кратка размена на зборови на маргините на настан, во присуство на повеќе колеги. Ако едноминутен разговор се нарекува ‘средба’, тогаш денес навистина имавме многу ‘средби’“, напиша Муцунски.
Македонскиот министер додаде дека се надева оти наскоро ќе имаат вистинска средба, во „пријателска и позитивна атмосфера“, насочена кон градење добрососедски односи и заедничка европска иднина.
Слични новости
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“-се очекува сведочење на вештото лице од Судска медицина
Судењето за пожарот во дискотеката Пулс продолжува денеска. Во судницата во Идризово се очекува Обвинителството да го повика и вештото лице од Судска медицина.
123 години од смртта на Гоце Делчев
Во земјава денеска се одбележуваат 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. Бројни делегации и граѓани денеска ќе положат цвеќе и ќе се поклонат пред гробот на Делчев во црквата „Свети Спас“.
Влен се транформира од коалиција во единствена политичка партија
Од коалицијата ВЛЕН соопштија дека по 9 мај ќе започне ново политичко преструктуирање во албанскиот политички блок. Петте политички субјекти од кои е составен ВЛЕН ќе дејствуваат како една политичка сила, откако од 9 мај ВЛЕН ќе се трансформира во политичка партија.


