„Македонците се Македонци. Ова не е прашање на политика, туку на основно почитување на идентитетот и достоинството на еден народ. Во дипломатијата, прецизноста не е формалност. Таа е одраз на почит“, објави министерот Тимчо Муцунски на Фејсбук, по изјавата на бугарската министерка Петрова-Чамова.
Таа оцени дека имала добра прва средба со Муцунски која ја оцени како добра. Македонскиот министер на социјалните мрежи порача дека немало средба.
„Имавме кратка размена на зборови на маргините на настан, во присуство на повеќе колеги. Ако едноминутен разговор се нарекува ‘средба’, тогаш денес навистина имавме многу ‘средби’“, напиша Муцунски.
Македонскиот министер додаде дека се надева оти наскоро ќе имаат вистинска средба, во „пријателска и позитивна атмосфера“, насочена кон градење добрососедски односи и заедничка европска иднина.
Слични новости
ВМРО ДПМНЕ : СДСМ се занимава со изборите во Унгарија наместо со домашна политика
ВМРО-ДПМНЕ реагира дека СДС и лидерот Венко Филипче се занимаваат со, како што велат, изборните резултати во Унгарија, наместо со внатрешните политички и партиски предизвици во Македонија.
Мицкоски изјави дека има чувство дека ќе бидат гонети поранешни премиери на СДСМ и нивни блиски роднини
Имам чувство, не велам дека имам информација, имам чувство, изјави Мицкоски
Студенти и граѓани кои работеле во странство протестираа пред УЈП
Пред седиштето на УЈП се одржа протест на студенти и други граѓани кои работеле во странство, а на кои им стигнало писмо од УЈП дека треба да платат данок.


