Министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Јохан Вадефул,  ќе престојува во Скопје, во рамки на неговата турнеја во земјите од Западен Балкан. Најавено е тој да оствари средби со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

Вадефул ја почна тридневната балканска турнеја во неделата од Сараево, а ги посети и Белград, Подгорица, Тирана и Приштина пред да допатува во Скопје.

Германското Министерство за надворешни работи во соопштение наведе дека Берлин останува целосно посветен на европската перспектива на Западен Балкан и дека тоа го потврдува турнејата на Вадефул.

 

Слични новости