Актуелниот министер за земјоделство, Цветан Трипуновски, демантираше дека ИПАРД-средствата се блокирани од Брисел и рече дека се стопирани само педесетина договори кои се во фаза на реализација.
Тој ги повика земјоделците да бидат спокојни и посочи дека проверките се во делот на реализацијата на програмата, а не на националните плаќања.
Неговиот претходник на функцијата, Љупчо Николовски од СДСМ, обвини дека ИПАРД-програмата е блокирана за 130 милиони евра, средства што требало да создадат над 3.000 нови бизниси и 10.000 нови работни места.
Тој го повика Трипуновски да поднесе оставка и да понесе одговорност за состојбата.
Слични новости
Стартува расправата за буџетот
Пратениците ќе дебатираат за најголемиот досега буџета тежок 6, 7 милијарди евра. Со планиран раст на економијата од 3,8 проценти и дефицит од 3,5 проценти од БДП.
Советот на јавни обвинители ќе одлучува за избор на нов претседател
Советот на јавни обвинители денеска ќе одлучува за избор на нов претседател, откако мандатот на Душица Димитриеска заврши на 1 октомври.
Сообраќајот на граничниот премин Богородица конечно нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин Богородица ( Евзони ) е целосно нормализиран од 21 часот, информираат од Автомото сојузот на Македонија. Претходно, овој премин беше во целосна блокада, и за влез и за излез од земјава, поради штрајк на земјоделците во Грција.


