Министерот за здравство, Сашо Клековски ги нарече „слободни јавачи на епидемијата“ оние доктори кои објавуваат стручни мислења и совети за евентуални последици од консумирање на загадена вода преку социјалните мрежи.
„Би замолил да нема слободни јавачи на епидемијата. Гледам и доктори кои не се, условно кажано, епидемиолози и инфектолози, даваат различни совети и мислења. Знам дека вакви состојби се популарни за кликови и собирање лајкови, но би замолил граѓаните да ги следат службените упатства и официјалните канали“, порача Клековски во обраќање до јавноста.
Лекарите специјалисти Никола Пановски и Нико Беќаровски му одговорија на министерот на социјалните мрежи дека даваат изјави бидејќи медиумите тоа од нив го бараат и дека нивните изјави и постови не се во функција на собирање лајкови, туку во функција на заштита на здравјето на граѓаните.
Слични новости
ВЛЕН: Охридскиот договор не е тапија на ДУИ
ВЛЕН тврди дека Законот за правична и соодветна застапеност е на маса, а ДУИ го блокира. Бадентеровиот механизам, кој треба да ги штити интересите на заедниците, ДУИ го претвори во партиски камшик, со кој удира по секое решение што не го носи нивниот печат.
СДСМ објави дека Мицкоски склучил бизнис зделка од 100.000 евра со водата во Гостивар
Додека граѓаните на Гостивар со недели пиеја загадена вода и илјадници луѓе се соочуваа со здравствени последици, Владата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра.
СДСМ: „Не можете луѓето во Гостивар да ги убедите дека не сте виновни“
Според СДСМ, целокупната одговорност за состојбата ја имаат институциите и власта предводени од ВМРО-ДПМНЕ.


