Министерот за здравство, Сашо Клековски ги нарече „слободни јавачи на епидемијата“ оние доктори кои објавуваат стручни мислења и совети за евентуални последици од консумирање на загадена вода преку социјалните мрежи.
„Би замолил да нема слободни јавачи на епидемијата. Гледам и доктори кои не се, условно кажано, епидемиолози и инфектолози, даваат различни совети и мислења. Знам дека вакви состојби се популарни за кликови и собирање лајкови, но би замолил граѓаните да ги следат службените упатства и официјалните канали“, порача Клековски во обраќање до јавноста.
Лекарите специјалисти Никола Пановски и Нико Беќаровски му одговорија на министерот на социјалните мрежи дека даваат изјави бидејќи медиумите тоа од нив го бараат и дека нивните изјави и постови не се во функција на собирање лајкови, туку во функција на заштита на здравјето на граѓаните.
Слични новости
Пожарот кај Рамни Габер се уште не е изгаснат
Противпожарните екипи на Град Скопје и во текот на ноќта остаа да ја следат состојбата во селото Габер, кое беше зафатено од пожарот што се прошири од село Моране.
Македонија со напредок на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност
Македонија бележи значителен напредок на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност, искачувајќи се за 29 позиции и достигнувајќи го 30. место меѓу 155 рангирани држави и територии.
И денеска сончево и многу топло со температури до 40 степени
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Максималната температура во Македонија ќе достигне од 32 до 40 степени.


