Енергетската безбедност, климатските промени и транзицијата кон поодржлива економија ќе бидат во фокусот на 14-от Енергетски самит (Athens Energy Summit) што денеска ќе се одржи во Атина, а на кој ќе учествува и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.
Министерката Божиновска заедно со нејзините колеги од Грција и Кипар, Теодорос Скилакакис и Јоргос Папанастасиу ќе дискутираат на панел посветен на „Енергетската голема игра: Геополитика и глобалниот пазар на енергија“.
„По повод конференцијата, министерката за енергетика, рудници и минерални суровини на Северна Македонија, Сања Божиновска и министерот за енергетика, трговија и индустрија на Кипар, Јоргос Папанастасиу, ќе бидат во Атина и на конференција ќе учествуваат со министерот за животна средина и министер за енергетика Теодорос Скилакакис и заменик-министерката за животна средина и енергетика Александра Сдуку. На форумот ќе се разговара за предизвиците и можностите во енергетскиот сектор, со акцент на регионалната соработка, енергетските интерконекции и транзицијата кон чиста енергија“, соопштија организаторите на самитот.
Енергетскиот самит (Athens Energy Summit) се одржува по 14 пат, традиционално обединува водечки функционери и претставници на енергетската индустрија, обезбедувајќи можност за стратешки дијалог за иднината на енергијата во поширокиот регион.
Слични новости
Уставниот суд ќе одлучува за Законот за данок за солидарност
Уставниот суд денеска треба да донесе конечна одлука за предметот во кој е оспорен Законот за данок за солидарност. Постапката за оценување на уставноста на оспорениот закон беше поведена на 20 ноември минатата година
Втор ден од посетата на Муртезани на Брисел, меѓу другите и средба со Кос
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска ја продолжува дводневната работна посета на Брисел, во чии рамки ќе има средба со еврокомесарката за проширување Марта Кос
Бубевски: Проширена постапката и за родителите на обвинетиот што ја прегази Фросина
Јавниот обвинител Гаврил Бубевски, во гостување на телевизија Телма, за случајот со трагично загинатата Фросина Кулакова посочи дека постапката е проширена и против родителите на обвинетиот Васил Јованов