Фудбалерите на Рома го прескокнаа градскиот ривал Лацио на табелата на италијанскиот шампионат со минимални 1:0 (0-0) на гостински терен против Лече во натпреварот од 30. коло. Стрелец на погодокот вреден три бода беше Довбик во 80. минута.

Рома сега е шеста на табелата со 52 бода, бод помалку од седмопласираниот Лацио, кој во понеделник ќе му гостува на Торино во рамките на ова коло. Лече остана на 16-то место со 25 бода, два повеќе од 18-то Емполи, кој е во зоната за испаѓање.

Интер води со 64 бода, Наполи заостанува три бода.

 

Хрватскиот фудбалски стручњак Игор Тудор го започна својот мандат во Јувентус со минимална победа од 1:0 (1:0) на домашен терен против Џенова. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Кенан Јилдиз во 25. минута.

Петтопласираниот Јувентус сега има 55 бодови, еден помалку од четвртопласираната Болоња, која претходно во саботата ја совлада Венеција со 1:0 како гостин, додека Џенова е 12-та со 35 бодови.

Комо и Емполи во првиот саботен натправар ремизираа со 1:1.

Во недела се играат дуелите Каљари – Монца Фиорентина – Аталанта Интер – Удинезе Неапол – Милан, а во понеделник Верона – Парма и Лацио – Торино.

globe

Слични новости

Манчестер Сити подолго време без Халанд

Манчестер Сити подолго време без Халанд

Манчестер Сити во понеделникот потврди дека 24-годишниот норвешки напаѓач Ерлинг Халанд ќе биде надвор од терените во поголемиот дел од тековната сезона, откако се здоби со повреда во четвртфиналето на ФА Купот