
Кошаркарите на Минесота на гостински терен убедливо го победија второпласираниот тим на западот Денвер Нагетс со 115:95. Минесота поведе од самиот почеток и имаше над 20 поени разлика 6 минути пред крајот на мечот, кога тренерот на домашната екипа Мајкл Малоун ја повлече од игра стартната постава и практично го призна поразот.
Најефикасни во тимот на Минесота беа Ентони Едвардс и Џулијус Рендл со 29 односно 25 поени, а кај Денвер најдобри беа Никола Јокиќ со 34 и Расел Вестбрук со 19 коша.
Минесота е седма на западот, но тимот конечно се комплетира по повредите на Џулиус Рендл и Руди Гобер, па се очекува на крајот да финишира на едно од првите шест места што носат директно учество во плеј офот. Годинава Минесота води против Денвер 3:0 во меѓусебните дуели, а лани Минесота го исфрли Денвер во полуфиналето на западот.
Слични новости
Конференциска лига: Фиорентина, Челзи и Бетис во четвртфиналето
Екипите на Челзи, Фиорентина и Бетис се пласираа во четвртфиналето на фудбалската Конференциска лига, победувајќи ги противниците во реванш натпреварите
Лига Европа: Манчестер Јунајтед го исфрли Сосиедад, Тотенхем подобар од АЗ
Англиските премиерлигаши Манчестер Јунајтед и Тотенхем и францускиот Лион последни се пласираа во четвртфиналето на Лига Европа
Усик мора да ја брани титулата против Паркер
Апсолутниот светски шампион во бокс, Украинецот Олександр Усик ќе мора да ја одбрани титулата против Новозеланѓанецот Џозеф Паркер, објави Светската боксерска организација (ВБО)